МВР: Двајца сниматели приведени поради неовластено снимање пред и во објектот на Судот

Од:

Поради неовластено снимање пред и во објектот на Судот, вчера во 14 часот по претходна координација и насоки дадени од дежурен јавен обвинител во полициската станица Кисела Вода беа приведени М. И. (29) од Скопје, снимател од македонска телевизиска куќа и Б.У. (35) од Косово, снимател на телевизиска куќа од Косово, информира МВР.

– Со приведените лица е извршен службен разговор во полициската станица Кисела Вода по што тие се пуштени. Од страна на СВР-Скопје ќе биде доставено известување до скопското Основно јавно обвинителство за досега преземените мерки, соопшти МВР.

Во овој, како и во сите други случаи, се истакнува во соопштението, МВР постапува согласно законските норми и надлежностите, при тоа доследно применувајќи ги професионалните стандарди.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он