МВР донираше прехранбени артикли во акцијата на Амбасадата на САД

Од:

Со донација од прехрамбени артикли Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја поддржа денешната акција на Амбасадата на САД за дарување крв и храна, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиологија.

Во име на Министерството донацијата ја предаде министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Со оваа акција Амбасадата на САД го одбележа 14-ти Септември, Националниот ден на служба и сеќавање на САД. Овој ден започна да се одбележува во 2002 година како начин на гледање напред, преку добротворни служби да се покаже почит кон жртвите, преживеаните, како и сите оние што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001 година.

Со акцијата ќе се помогне за дополнување на резервите од крв на Црвениот крст и ќе се обезбеди храна и други потребни залихи за загрозени семејства за претстојната зима.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка