МВР демантира: Во критичните места сме и работиме

Од:

МВР преку соопштение ги демнатира дел од денешните дискусии за ангажманот на припадниците на министерството во погодените подрачја.

Еве што стои во соопштението:

МВР во изминатите денови почнувајќи од 06.08 непосредно по случувањата на поплавите во регионот на с.Стајковци, с.Сингелиќ, с.Црешево и с.Арачиново и другите зафатени подрачја во континуитет ја информираше јавноста за ангажманот и бројноста на припадници на различни организациони единици на Министерството во пружање на помош на настраданите граѓани во посочениот реон.

Како што е познато токму припадниците на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи, Посебната единица за подршка и Единицата за јавен ред и мир заедно со припадниците на АРМ беа првите што на лице место учествуваа во спасувањето на граѓани во критичниот период на 06 и 07 август, а понатаму плански и континуирано се ангажирани за помош и санација на штетите од аспект на безбедноста на граѓаните во тој дел од скопското подрачје.

Оттаму МВР ги отфрла како крајно некоректни сите шпекулации како и политички изјави за наводно непостапување или отсуство на полициски службеници на критичните места во периодот на самите случувања како и во наредните денови.

Имено на подрачјето на северната скопска обиколница во критичниот момент на 06.08 кога беше поплавена и оштетена, сообраќајот беше пренасочуван од клучка Хиподром до клучка Радишани и обратно, а согласно тековните распореди за работа од 08,00 до 20,00 часот од автопатската мобилна единица имаше една патрола од двајца полициски службеници, еден сменоводител и двајца самостојни инспектори, а од 22,00 часот уште една патрола, а одкога почнаа поплавите се зголеми ангажманот на полициските единици така што освен автопатската полиција, ангажирани беа и пет патроли од Единицата за јавен ред и мир за пренасочување на сообраќајот на подрачјето на Гази Баба, а потоа беа ангажирани и специјалните единици.

Имено како што и предходно информиравме од страна на СВР-Скопје ангажирани беа 243 полициски службеници и 50 возила, а од страна на Одделот за специјални полициски операции беа ангажирани 213 полициски службеници, 39 дефендери, еден џип чироки, еден хермелин, еден чамец, еден камион и еден хелихоптер со техничка опрема.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он