МВР, Центар и невладините во заедничка битка против труењето и малтретирање животни

Од:

Претставници на организациите за заштита на животните, командирот на полициската станица “Центар“ и претставници од одделот за превенција при МВР, на денешната средба кај градоначалникот Жерновски договорија продолжување и интензивирање на соработката. Беа предложени и усвоени конкретни активностите за спречување на застрашувачките појави на труење и малтретирање животни.

По минатонеделната прва средба и јасно пратените пораки, во голема мера се намалени случаите на труење и поставување отров за кучиња, но тука нема да се запре. Кај нас допрва треба да се работи на градењето и оформувањето на свеста дека со труењето се предизвикува општа опасност, што е сериозно кривично дело.

Невладините организации ќе изготват и ќе достават до МВР барање за потпишување на заеднички меморандум за соработка на територијата на општина Центар. Веднаш по празниците ќе се организираат заеднички средби со граѓаните за едукација и проверка на околината, и тоа на досега најкритичните места околу Универзална сала, во Капиштец и во Дебар Маало.

Иницирано е менување на Законот за полиција, со цел да се прецизира кога може полицијата да интервенира доколку се забележи мачење на животни.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, повторно упати апел до другите градоначалници и институциите на централно ниво сериозно да ја сфатат опасноста од поставување отров и за животните, но и за децата и за загадување на животната околина.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан