МВР: 30 случаи за загрозена сигурност на државни функционери преку социјалните мрежи

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, согласно своите законски надлежности, во изминатиот период документираше и процесуираше триесет случаи во коишто, преку социјалните мрежи, на носители на државни функции во РМ, им е загрозена сигурноста, како и случаи каде што се злоупотребени нивните лични податоци.

За сите тие случаи, согласно законските норми изготвени се Известувања до надлежен ЈО при Основното јавно обвинителство Скопје, со цел утврдување елементи за сомнение за кривични дела што се гонат по службена должност од областа на компјутерскиот криминал.

Така, како покарактеристични случаи се детектирани шест кривични дела за закани кон претседател на Владата на РМ, истите се документирани, со соодветни известувања до ОЈО и обезбедени Наредби до социјалната мрежа “Фејсбук“. Притоа од посочените шест кривични дела откриено е лице кое се сомничи за сторено кривично дело – “загрозување на сигурност“ (казниво по член 144, став 3 а в.в. став 1 од КЗ на РМ), а се однесува на регистирана објава на еден македонски веб портал, по претходно објавена статија на социјалната мрежа “Фејсбук“, која што во вид на закана е упатена до претседателот на Владата на РМ. Во случајот осомничениот за кривичното дело е откриен во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, со социјалната мрежа “фејсбук“, како и со Интерпол-Берн (Швајцарија) и еден интернет провајдер од Швајцарија. По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното ОЈО.

Министерството за внатрешни работи на ист начин постапува по сите доставени пријави за закани за загрозување на безбедноста и сигурноста на сите граѓани. Сите пријави соодветно се примаат и се документира пријавената содржина. Дополнително по доставено известување до надлежен јавен обвинител, јавниот обвинител издава наредба до меѓународниот интернет сервис провајдер за добивање на дополнителни податоци за идентификација на сторителот.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари