Музејот „Теракота“ и Општина Виница во заеднички проект за лицата со посебни потреби

Од:

Музејот „Теракота“ од Виница со поддршка од локалната самоуправа го реализираше едногодишниот проект „Еднаквоста во фокусот“ чија цел е поголема вклученост и едуцирање на лицата со посебни потреби.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, во ОУ „Гоце Делчев“ се одржа завршна свеченост на која беа претставени реализираните активности од проектот, а во што беше вклучен и Дневниот центар од Виница.

-Нашата соработка со Дневниот центар е повеќегодишна и за децата кои престојуваат во него организиравме поголем број работилници и посети на културни и археолошки знаменитости во општина Виница и во источниот регион. Резултат од соработката годинава е хуманитарно-продажната изложба со фотографии на тема „Стара архитектура“, како проект од национален интерес на Министерството за култура. Во изработката на фотографиите учествуваа токму децата со посебни потреби, а средствата собрани од изложбата ќе бидат донирани за нивниот дневен центар, истакна Јулијана Иванова, директор на музејот „Теракота“.

На свеченоста по повод завршницата на проектот се претстави и танцувачката група „Dancers United MK“ од Виница која на неодамнешниот меѓународен натпревар за танчери со посебни потреби во Полска го освои првото место.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница