Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазански Бајрам со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.
Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници.
На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Исламското учење вели дека во светиот месец Рамазан е објавена светата книга Куран.