Муса: Тврдам дека вакцините што се во употреба се уредни и ги исполнуваат европските стандарди

Од:

Со целосна одговорност тврдам дека вакцините што се во употреба во здравствените институции се уредни и ги исполнуваат европските стандарди, рече заменик министерот за здравство Асим Муса на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Муса додаде дека вакцините што беа со погрешни декларации се повлечени од здравствените институции.

– Дека вакцините во нашите здравствени установи се целосно уредни и воопшто не се поинакви од вакцините во здравствените институции во европските земји, потврди и комисијата од произведувачот на вакцините што беше дојдена во Македонија, рече Муса.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години