Муса Џафери во Брисел

Од:

Заменик-претседателот на македонската Влада, Муса Џафери, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има повеќе средби со високи преставници на Европската унија и на НАТО, јавува МИА.

Како што е најавено, Џафери, кој во Владата е задолжен за спроведување на Рамковниот договор, денеска најпрво во Европскиот парламент ќе се сретне со известувачот за Република Македонија, Ричард Ховит. Потоа, ќе има средба со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Пјер Вимонт, а попладнето е закажан и состанок со првиот човек на Директоратот за проширување во Европската комисија, Стефано Санино.

Во петок, Џафери во седиштето на НАТО треба да има билатерална средба со заменик-генералниот секретар на Алијансата, Александер Вершбоу. Темата на разговорите на македонскиот вицепремиер со неговите соговорници се очекува да биде спроведувањето на Рамковниот договор и исполнувањето на обврските од него во државата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски