Муртезани на средба со еврокомесарката за проширување

Од:

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.

Министерот Муртезани го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Северна Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи на исполнување на реформските цели и дека успешната имплементација на Реформската агенда ќе претставува значаен фактор за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, како дел од процесот на пристапување.

Тој исто така ја нагласи посветеноста на земјата кон целосна имплементација на важноста на Планот за раст, кој ќе биде главна тема на претстојниот состанок на лидерите на Западен Балкан во Скопје, во март годинава. Муртезани изрази увереност дека Северна Македонија е подготвена да продолжи со конкретни чекори кои ќе ја приближат земјата кон Унијата.

„Северна Македонија останува цврсто посветена на своите стратешки интереси за успешно реализирање на нашето европско досие. Подготвени сме да преземеме неопходни реформи и да се фокусираме на принципиелни решенија кои ќе бидат во интерес на државата и сите нејзини граѓани. Со стабилност, напредок и конструктивен дијалог, ќе ја оствариме нашата цел – полноправно членство во Унијата“ – нагласи Муртезани.

Соговорниците разменија мислења и за уставните измени во контекст на предизвиците на европскиот пат.

Би можело да ве интересира

Кос: Проширувањето на Европската Унија е процес заснован на заслуги

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Кос: Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Билатералните спорови не треба да стојат на патот на проширувањето според еврокомесарката Кос

Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на државата и граѓаните

А1он