Мултановски: Вишеградската група е успешен пример за регионална соработка

Од:

Вишеградската група е светски познат симбол за успешна иницијатива на четири држави, кои низ годините ги остварија главните цели за интеграција во ЕУ и НАТО, и може да служи како пример за земјите од Западен Балкан, изјави амбасадорот на Полска Јацек Мултановски на отворањето на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?”.

– В4 е платформа за дијалог и развој на регионална соработка, безбедност и стабилност. Вишеградската група ќе продолжи со заложбата за процесот на проширување, што силно веруваме дека е во најдобар интерес и на ЕУ и на земјите кандидати, рече Мултановски.

Посочи дека главните теми на конференцијата се за иднината и улогата на В4 во Централна и Југоисточна Европа, и како Вишеградската група може да влијае на развојот во самата ЕУ.

– Мигрантската криза е важен елемент во односите меѓу Вишеградската група и земјите од Балкан, но денешната конференција е можност да дискутираме и за други димензии од сегашната и идна соработка меѓу В4 и земјите од Западен Балкан, изјави Мултановски.

Конференцијата за соработката и односите меѓу земјите од Вишеградската група и Западен Балкан е организирана од Аналитика тинк тенк во соработка со Амбасадата на Полска во Скoпје. Таа е поделена во две сесии, една за односите на Вишеградската група во Централна Европа и втората за Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

За разликите во заедничката кооперација пред и по пристапувањето во ЕУ на земјите од В4, решавањето на регионални предизвици, несогласувањата и разликите и за актуелните презвици во соработката меѓу земјите од Вишеградската група зборуваа Микаел Коран од Институтот за меѓународни односи во Прага, Матеуш Гњаздовски од Центарот за источни студии во Варшава и Томаш Стражај од Словачката асоцијација за надворешна политика во Братислава.

Би можело да ве интересира

Средба на Пендаровски со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Премиерите од Вишеградската четворка ќе расправаат за војната во Украина

Ана Ололовска

Вишеградската група изрази солидарност со Чешка за протерувањето руски дипломати

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Вишеградска група: Белорусија да отвори пат за нови избори

Ана Ололовска

Меркел и В4: Границите треба да се отворат што поскоро, но внимателно

Ана Ололовска