(ВИДЕО) Мукоски до Јанева: Лажете и се заканувате, си играте мајтап со нас

Од:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски ја обвини специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева дека направила злоупотреба на службената доложност, бидејќи со тоа што му кажала на пратеникот Антонијо Милошоски дека го слушала неговиот глас во прислушуваните разговори всушност се заканувала.

– Ние пратениците ви ги изласавме тие 4 милиони евра, мора да кажете како сте ги искористиле парите. Госпоѓо Јанева, колку земате плата, вие, вашите колеги и советници? Треба да се направи споредба на вашите плати и платите на останатите обвинители. Сета ваша неспособност се темели дека не сте имале услови за работа. Па во какви услови работевте претходно? Вие госпоѓо специјална јавна обвинителке си играте мајтап со нас, она што ви одговара сте го доставиле, плус лажете и недозволиво се заканувате, рече Мукоски.

Тој кажа дека покрај Груевски, поддршка на СЈО дале и лидерите на останатите три најголеми политички партии со цел да се разреши дилемата кој прислушувал, а не, како што рече, Јанева да отвара случаи за шамари.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он