(ВИДЕО) Мукоски: Јас го одлежав своето, а ти и оној што избега ги насочувавте луѓето горе кај Заев

Од:

„Што се однесува до 27 април, ќе ви кажам неколку збора, Крсто Мукоски за таа несвесна грешка што ја направи си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе, кои што ги упатуваа горе луѓето да го направат тоа што го направија, а ќе ве потсетам на една изјава што беше дадена од сведок кој што во моментов е во бегство, не го барајте Љубе Арнаудов, качете се горе, цела е Заев. Жалам што такви како тебе не одговараат“, вака му реплицираше Мукоски на Милошоски кој го прозва дека отворил вратата на 27 април, а потоа се здружил со СДСМ.

Мукоски додаде дека партијата е под заложништво на неколку криминалци кои ја претвориле во радикална партија како на Шешељ.

„Вие сте типичен пример за уплашен човек, криминалец кој треба да одговара пред законите. Жал ми е за партија што заради неколку такви се претвори во партија како Златна Зора или радикалите на Шешељ“, реплицирaше Мукоски.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова