(ВИДЕО) Мухиќ: Бошњаците и Албанците гласаа за СДСМ, тоа значи зголемена свест

Од:

Дебатите треба да се базираат врз почитување на факти и соговорник. Ако фактите се почитуваат ќе видите дека во бошњачките општини, СДСМ има многу повеќе гласови отколку ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Ферид Мухиќ.

– Сите сме претставници на народот, невозможно е вие од ДПМНЕ да го сакате народот повеќе од сите други. Фактот што толку Албанци гласале за македонска партија значи зголемена свест. Јас апелирам дека час поскоро треба да се избере претседател на Собранието, кажа Мухиќ.

Илија Димовски во контра реплика рече дека недостасуваат факти, бидејќи обидот да се формира парламентарно мнозинство се базира на закон за јазици, а никој досега го нема видено тој предлог-закон.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска