Муцунски: Време е за почеток на важна фаза на промени, почнуваме со голем митинг утре пред Влада

Од:

За нешто повеќе од месец дена не делат од неизбежното заминување на оваа власт, која за жал ни нанесе несогледливи штети и остави сериозно негативно последици по државата вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

1. Од економска гледна точка се наоѓаме на самото дно во регионот, при што скоро сите други држави имаат поголем БДП по глава на жител од нас. Во последните седум години најголемиот дел од државите во регионот остварија раст од 50%, а власта предвидена од двоецот СДС — ДУИ само 20%.

2. Од Извештаите на ЕУ и реалните состојби на терен констатираме дека целосно е загрозено владеењето на право, институциите не функционираат соодветно, криминалот и корупцијата се во пораст, јавната безбедност постојано се загрозува од страна на лица кои заради различни причини најчесто не се достапни на органите на прогонот.

3. Довербата на граѓаните во областа на правосудството е на најниско можно историско ниво и во таа област повеќе од неопходно е да се дејствува системски, ефикасно и брзо.

4. Несоодветниот третман, погрешен концепт и недоволни вложувања во образованието и науката создаваат сериозни проблеми кои негативно се рефлектираат најнепосредно кај родителите, учениците, студентите, наставниот кадар и научните работници.

5. Здравството е крајно девастирано, а незадоволството на здравствените работници и пациентите од ден на ден расте. Аферите како онаа на Клиниката се хематологија се редовна појава, додека интересот и решителноста за справувањето со негативните појави во оваа значајна област за нашето здравје целосно отсуствува.

6.Во областа на патната инфраструктура власта даваше големи верувања, а еден километар автопат не изградија.

7.Земјоделците и сточарите целосно ги запоставија и ги оставија сами да ги решаваат сериозните проблемите со кои секојдневно се соочуваат, порача Муцунски.

Тој го најави почетниот митинг на партијата кој ќе се одржи пред Владата на Република Македонија утре на 4 април со почеток од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Муцунски најавува изненадување во следните шест месеци во визната политика на САД кон земјава

Катерина Ѓуровски

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели Муцунски