Муцунски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија, теми билатералната и економската соработка

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата, министерот оствари средба со својот домаќин, министерот за сојузни, европски, меѓународни работи и медиуми и шеф на државната канцеларија на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх.

Во фокусот на разговорите биле одличните билатерални односи и динамичната соработка што се развива во изминатиот период. Министерот Муцунски истакнал дека Северна Рајна – Вестфалија е исклучително доверлив партнер на нашата држава – како во политичката и економската сфера, така и во поддршката на европската интеграција. Тој изразил благодарност за принципиелната и континуирана поддршка од покраината, како и за личниот ангажман на министерот Лимински во унапредувањето на политичката, економската и институционалната соработка.

– Оваа покраина е седиште на многу водечки германски компании и дом на бројна македонска дијаспора – фактори што дополнително ги зацврстуваат нашите односи. Заеднички изразивме уверување дека оваа посета отвора ново поглавје во нашето партнерство и дека ќе продолжиме со конкретни активности за унапредување на политичките и економските врски, изјавил министерот Муцунски по средбата.

Во рамки на работната посета, министерот Муцунски остварил и средба со Феликс Нојгарт, директор на Агенцијата за трговија и инвестиции на Северна Рајна – Вестфалија. Разговорите биле посветени на можностите за понатамошно интензивирање на трговската соработка, реализација на нови инвестиции во стратешки сектори, како и на продлабочување на партнерствата во области како што се енергетиката, туризмот, напредните технологии и дигитализацијата.

Дополнително, биле разгледани поволностите што ги нуди нашата држава за странските инвеститори, како и подготвеноста на Владата да биде активен и сигурен партнер во реализацијата на нивните проекти. Соговорниците се согласиле дека постои реален потенцијал за унапредување на трговската и економската соработка во наредниот период.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

Муцунски за Османи: Не успеа да добие доверба од своите соседи, а држи лекции за политички легитимитет

А1он

Муцунски: Одлуките од самитот во Анкара ќе го зајакнат НАТО

Муцунски го повикал бугарскиот амабасадор: се бара истрага и објаснување за објавената нота за семејството на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Исмаил до Муцунски: МНР нема план како да ги заштити Македонците кои се опресирани во соседните земји