Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во образованието

Од:

„Образованието е важен предуслов за напредокот и развојот на една земја, токму затоа треба постојано да се подобруваа образованата инфраструктура и условите за учениците.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години спроведе голем број на мерки и проекти со цел унапредување на условите за следење на настава на учениците.

Во изминатите години значително е подобрена образованата ифнраструктура, изградени и доградени се 74 основни и средни училишта, извршена е санација и реконструкција повеќе од 400 основни и средни училишта и изградени се 98 спортска сала.

ВМРО-ДПМНЕ нема да застане тука и ќе продолжи да инвестира во образованието.

Во таа насока во тек се јавните повици за изградба на објекти на три нови училишта.

Станува збор за изградба на нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром со површина од 2100 м2 и капацитет од 600 ученици, инвестицијата е околу 1,2 милиони евра. Дополнително по изградбата на новиот училишен објект ќе се започне и постапка за изградба на спортска сала во рамки на ова училиште.

Нов објект ќе добие и ОУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, кое што ќе биде со површина од 2.840 квадратни метри и наменет за 700 ученици, односно по 350 во една смена. Инвестицијата вредна 1,2 милиони евра.

Третиот јавен повик за прибирање на понуди за доградба на училници и дополнителни простории за потребите на подрачното основно училиште “Кирил и Методиј“ во тетовското село Фалише.

Дополнително во моментов се одвива и реконструкција на три училишни објекти на основното училиште “Маршал Тито“ во струмичко Муртино каде се поставува систем за греење, основното училиште “Кирил и Методиј“ во Велес, каде се врши рехабилитација на фасадата и подовите и средното училиште “Ибрахим Темо“ во Струга, каде се реконструираат санитарните јазли. Вкупната инвестиција е во вредност од 11,3 милиони денари.

Подобрувањето на инфраструктурата во образованието останува и понатаму во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ. Во новата програма „Реално“ е предвидено да продолжи развојот на образовната инфрструктура преку изградба на нови училишта и спортски сали.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со заложбите за долгорочен развој на образованието, како важен предуслов за севкупниот општествено- економски развој“ изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС со ДУИ молчеа на сите провокации

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија