Муцунски: Состојбата со хигиената во Аеродром подобрена како резултат на новиот концепт за чистење и управување со отпадот

Од:

Како резултат на зачестените барања на граѓаните од минатите години, пред неколку месеци во Аеродром почна примената на новиот концепт за одржување на хигиената на јавните површини во општината. Преку успешно воспоставен модел и во постојана комуникација со жителите на Аеродром, започнавме систематски да ги решаваме локалните проблеми поврзани со одржување на зеленилото и чистење на депониите и отпадот во целата општина велат од Општина Аеродром.

„Стремејќи се континуирано да обезбедиме услови за здрава животна средина и здрава околина, како предуслов за живот со здрави навики, Општина Аеродром изминатиот период ги стави на располагање сите свои капацитети. Чистотата на јавните површини е еден од најважните императиви во реализација на нашите тековни дневни обврски, а постигнувањето и одржувањето на оваа цел е можна само со поддршка од граѓаните и компаниите, но и комуналното претпријатие на градот“, напиша градоначалникот Муцунски на Фејсбук.

– Следствено на ова, веќе може да констатираме дека состојбата во Аеродром е сериозно подобрена и поразлична, а овие активности со зголемен обем продолжуваат во текот на летото, особено за време на високите температури. Комуналните служби и механизацијата на општината, со поддршка на приватниот економски оператор, тековно и навремено ги сервисираат потребите на аеродромци поврзани со одложување и чистење на сметот, а редовно се спроведува чистење и миење на јавните површини и отстранување на кабастиот отпад се вели во соопштението од Општината

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он