Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром

Од:

„Патрик“ сега е нов, модерен рекреативен комплекс на површина од 1600 квадратни метри. Убав почеток на годината во која реализацијата на капитални инвестиции ќе биде приоритет во нашето работење.
Ова на својата Фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски зборувајќи за новите капитални проекти кои ќе бидат приоритет во Аеродром оваа година.

„Ветивме поубава, модерна и урбана општина, а со силна заложба и преку континуираните инфраструктурни проекти и инвестиции, ветувањата стануваат реалност“, истакна Муцунски во својата објава.

Освен реконструкцијата на спортскиот комплекс „Патрик“, општината започна постапката за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“, а наскоро започнува реализацијата на уште една инвестиција во чии рамки ќе се изврши доградба и надградба на основното училиште „Блаже Конески“.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он