Муцунски со честитки до Петер Маѓар – очекува продолжување на соработката меѓу двете земји

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија.

Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи на соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“.

-Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги вреднуваме силните билатерални односи градени со години, и со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности, напиша Муцунски на „Икс“.

Во Унгарија вчера се одржаа парламентарни избори на кои изгуби владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години на власт, а на кои победи новоформираната опозициска партија Тиса на Петер Маѓар.

Со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 места во унгарскиот Парламент, додека Фидес има само 55 (шест места ќе освои десничарската партија Ми Хазанк). Тиса ќе има неколку пратенички места повеќе од потребното за двотретинско мнозинство, со кое ќе може да смени голем број функционери во судството и регулаторните тела.

Би можело да ве интересира

Муцунски за „The Jerusalem Post“ од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Муцунски: Заштита на националните интереси, економската дипломатија и заштата на граѓаните кои живеат надвор од границите – стратешки приоритети на дипломатијата

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Македонската дипломати се собираат во Скопје, првпат по 2019 година – ќе се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции