Муцунски: Сите ние сме различни, но споделуваме заедничка цел – подобра иднина за нас и нашите деца

Од:

Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа првиот од низата форум кои општината Аеродром ги организира со финансиска поддршка и партнерство на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Настаните кои ќе се реализираат во текот на март и април претставуваат транспарентна и партиципативна форма на локално ниво – алка на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето на заеднички одлуки кои се важни за самата заедница и за нивниот живот информираат од Општина Аеродром.

На отворањето на првиот форум, кој истовремено претставува и почеток на овој проект свое обраќање имаше градоначалникот Тимчо Муцунски кој се заблагодари на партнерите за поддршката на проектот и на граѓаните за учеството во него.

„Помеѓу нас има различни типови луѓе кои доаѓаат од различни делови на општината и од различни сфери на животот, меѓутоа сите ние споделуваме една заедничка цел, а тоа да создадеме подобра иднина за нас и за нашите деца“, истакна Муцунски во своето обраќање.

Тој додаде дека е отворен за соработка со граѓаните.

„Како градоначалник на оваа општина, јас сум решени и отворен во соработка со вас и со ваша помош да ги направиме нашите заедници посилни, поповрзани и поотпорни. Заедно можеме да ја надминеме секоја пречка и да ја постигнеме секоја цел“, нагласи тој.

Градоначалникот Муцунски потенцираше дека една од целите на ваквите активности е потранспарентна и поотворена општина, што пак е императив во секојдневното работење кој во изминатиот период е потврден со низа активности, иницијативи и проекти и спомена дека придонесот кој граѓаните го даваат во овие форумски сесии е придонес кон подобра општина и поодбра заедница.

 

По завршувањето на првата форумска сесија, форумскиот циклус ќе продолжи да се реализира со уште четири форумски сесии. Форумскиот процес е отворен за сите граѓани кои преку активно учество со своите идеи и донесување одлуки ќе бидат дел од реализација на минимум 1, а максимум 3 проекти во износ од 50.000 УСД.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции

Катерина Ѓуровски

Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

Муцунски од Блед: Нашата стабилност е европска стабилност, нашиот напредок е европски напредок