Муцунски – Сијарто: Унгарија како Претседавач со ЕУ ќе направи напори за забрзување на процесот на проширување на Унијата

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со унгарскиот колега, Петер Сијарто, во рамки на НАТО Самитот во Вашингтон информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– На средбата, министрите го потврдија задоволството од развојот на одличната билатерална соработка, при што беше поздравен јубилејот – 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Воедно, беа истакнати заемните заложби за натамошен развој на секторската соработка, со посебен акцент на економијата, инвестициите и бизнис релациите.

Во фокусот на разговорите беше и европското досие на земјава, при што беше реафирмирана цврстата унгарска поддршка за наше полноправно членство во ЕУ. Муцунски изрази задоволство што меѓу приоритетите на претседавањето на Унгарија со Советот на ЕУ е токму проширувањето со земјите од Западен Балкан, што е споделен интерес за земјите од регионот и Унијата како целина, се вели во соопштението.

“Високо ја цениме континуираната унгарска поддршка за нашиот евроинтегративен пат. Посветени сме на реформските процеси и силно се залагаме за забрзување на нашето присоединување кон ЕУ. Членството на земјите од Западен Балкан во Унијата нема алтернатива и ќе придонесе за зацврстување на целокупната регионална и европска стабилност”, нагласил Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за сојузништвото во рамки на НАТО, потребата од продолжување на соработката меѓу двете земји во рамки на Алијансата, како и уверувањето дека Вашингтонскиот Самит, на кој се одбележува 75 годишнината од формирањето на Алијансата, ќе придонесе за зачувување на глобалниот мир и безбедност, информираат од МНР.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он

Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

А1он