Муцунски: Реализираме нови и важни проекти, работиме со полна пареа и обезбедуваме поквалитетен живот за граѓаните

Од:

Општина Аеродром реализира уште еден важен инфраструктурен проект. Градежната механизацијата, овие денови активно работи во населбата Лисиче каде во тек е реконструкција на улицата „Црноризец Храбар“ во должина од 500 метри, шест метри коловозна ширина и тротоар. Реконструкцијата опфаќа и бележење на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, замена на целосно дотраениот материјал и обнова на дел од атмосферската канализација. Проектот се реализира со средства обезбедени од Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.

„Летото е време на годишни одмори, но во Аеродром не е така. Се радувам кога сите ние во Општина Аеродром и градежната механизација работиме со полна пареа за да реализираме, нови и важни проекти кои се дел од нашите ветувања пред граѓаните. Овој период активно работиме на реализација на нови инфраструктурни инвестиции, кои се потврда на нашите континуирани напори за обезбедување подобри услови и поквалитетен живот за граѓаните“, напиша градоначалникот Муцунски.

Изградбата на нови улици и изведбата на нови паркови на неколку локации е дел од обемните инфраструктурни активности кои оваа сезона се реализираат на неколку локации во Аеродром. Крајот на летото и почетокот на есента, Општина Аеродром ќе ги одбележи со завршени важни проекти кои ќе донесат побезбеден сообраќај, поефикасен транспорт и сериозно подобар маалски живот за жителите на Аеродром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

(ВИДЕО) Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победнички листи за парламентарните избори

Горан Наумовски

Муцунски: Наскоро Македонија ќе добие Влада која што повторно ќе се грижи за македонскиот јазик и за македонската традиција

Муцунски во пресрет на утрешниот верски празник: Правиме мали работи, но со многу љубов и искреност

Муцунски: Аеродром добива ново училиште и детска градинка, започнува реализацијата на два капитални проекти

(ВИДЕО) Муцунски: Ова е најнегативниот извештај во историјата на Македонија