Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Од:

Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром. Ова градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски го потенцираше при посетата на основното училиште „Блаже Конески“ во чии рамки беше промовирана нова опрема со која се овозможува технички унапреден и дигитализиран образовен процес во основното училиште „Блаже Конески“

Станува збор за набавка на опрема која вклучува 4 нови смарт-табли со проектори, 15 преносни компјутери и 1 повеќенаменски фотокопир, овозможена од општествено – одговорна компанија.

„Инвестициите од ваков тип продолжуваат и во следниот период. Благодарам за родителите, раководството на училиштето и сите вклучени во овој процес преку коj успеваме да креираме подобра средина во која учениците имаат можност да ги истакнат своите таленти и да ги остварат зацртаните цели“, истакна градоначалникот Муцунски при посетата на основното училиште.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он