Муцунски: Нови паркови и зелени површини кои носат поубав изглед и повеќе содржини за граѓаните

Од:

Активностите за унапредувањето на урбаното живеење кои ги започнавме во текот на март, продолжуваат и овој месец со изведба на нови паркови, нови зелени површини и простор за одмор и рекреација. Активно се работи на новиот парк со површина од 2300 квадратни метри во Стар Аеродром, а привршува изведбата на уште три зелени површини во овој дел од општината. Првите две се лоцирани во непосредна близина на училиштето „Блаже Конески“, а третата веднаш до „Тобако 2“ информираат од Општина Аеродром.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна ги повика граѓаните масовно да ги користат новите зелени површини, при што потенцираше дека тие пред се го унапредуваат и збогатуваат маалскиот живот и квалитетот на живеење во Аеродром. Тој истакна дека со овие инвестиции, се остваруваат заложбите за повеќе зелени површини и нови паркови во Општина Аеродром.

„Зелените паркови и површини претставуваат нови инвестиции и проекти со кои го унапредуваме урбаното живеење на Аеродром, инвестираме во поубава и позелена општина и водиме грижа за потребите и барањата на граѓаните. Се радувам што пролетта и новите инвестиции Аеродром, носат и поубав изглед и повеќе содржини на различни локации“, напиша Муцунски во својата фејсбук објава.

Би можело да ве интересира

Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

А1он

Муцунски: Мораме да најдеме решение за предизвикот со Бугарија

А1он

Радман: С. Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо

А1он

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

Муцунски и Сиљановска-Давкова во Дубаи се сретнаа со Македонци што живеат и работат во ОАЕ

А1он

(ФОТО) Левица: Учениците во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

А1он