Муцунски и Сиљановска-Давкова во Дубаи се сретнаа со Македонци што живеат и работат во ОАЕ

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова имаа средба со Македонците што живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати.

– Македонците во дијаспората претставуваат важен мост меѓу матичната држава и земјите во кои живеат и работат, особено во економската и трговската сфера. Заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Дубаи остваривме средба со Македонците што живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати, успешни професионалци, кои со своето знаење и искуство даваат значаен придонес за локалната економија – напиша денеска министерот Муцунски на својата Фејсбук-страница.

Во објавата се додава дека тие разговарале за потенцијалот за продлабочување на соработката меѓу двете држави, со фокус на економијата и трговијата, како и за улогата на дијаспората во овој процес.

– Ги запознав со активностите на Владата и Министерството поврзани со дијаспората, вклучително и со стратегијата за унапредување на соработката со дијаспората, која е во завршна фаза, како и со можностите за нивно поактивно вклучување во развојните и економските иницијативи во државата – додаде министерот.

Претходно, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека министерот Муцунски од денеска до четврток престојува во работна посета на Дубаи, каде што ќе учествува на Светскиот самит за влади, што се одржува со мотото „Обликување на идните влади“.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Политичката волја во ЕУ клучна за забрзување на проширувањето

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае