Mуцунски и Сијарто потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу владите на Македонија и Унгарија

Од:

Договор за стратешка соработка меѓу владите на Македонија и Унгарија беше потпишан денеска во Скопје за време на посетата на шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, чиј домаќин беше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

На средбата, како што посочија двајцата министри на заедничката прес-конференција, се осврнале на одличните билатерални односи, изразувајќи заемно задоволство од интензивниот политички дијалог и развиената секторска соработка. Било поздравено и тридецениското пријателство и одличната трговска соработка, која бележи континуиран нагорен тренд во изминатиот период.

Во тој контекст, од страна на двајцата министри беше констатирано дека македонско-унгарското партнерство е засновано на силни политички врски и развиена економска соработка, кои во претстојниот период ќе добијат уште позасилена динамика.

Двајцата министри разговарале и за перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и засилената и недвосмислена поддршка од Унгарија на овој пат, која е насочена кон отворање на преговорите на нашата земја со ЕУ, со цел да се овозможи стабилизирање и подобра перспектива за нашата земја и за земјите од регионот.

Муцунски изрази уверување дека поддршката ќе продолжи со несмалено темпо и во претстојниот период, имајќи го предвид и неодамна потпишаниот Акциски план за споделување на знаење во однос на ЕУ-пристапувањето помеѓу министерствата за надворешни работи и надворешна трговија и министерствата за европски прашања на двете земји.

Министрите разговарале и за сојузништвото и одличната соработка во рамки на НАТО, која е насочена кон справување со актуелните безбедносни предизвици и зачувување на европската и трансатлантската стабилност.

Во рамките на посетата беа потпишани и договор за соработка на владино ниво и договор за соработка во делот на образованието. Имено, министерот Муцунски и министерот Сијарто потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, додека од страна на министерот Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за годините 2026–2028.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Нема да ја оставиме Србија без енергетски ресурси

Сијарто испраќа мрачно предупредување до Европа

Сијарто ги повикува лидерите на ЕУ да не ги попречуваат напорите на САД за мир во Украина

Ќе ги блокираме сите одлуки на ЕУ насочени кон ескалација на вооружениот конфликт во Украина, вели Сијарто

Сијарто е дециден: Трамп е единствената надеж за мир

САД не се откажуваат од самит со Русија: Сијарто потврди дека разговорите се во тек