Муцунски: Хумана урбанизација, рамномерен развој и проекти во секое населено место

Од:

Хуманата урбанизација, рамномерниот развој и проектите каде граѓаните се во фокусот го одбележаа работењето во изминатите две години. На тој начин, ја унапредивме инфраструктурата во секое населено место, овозможивме нови спортски и детски содржини и ја подобривме хигиената во Аеродром. Ова на својата Фејсбук страница го истакна градоначалникот Муцунски, говорејќи за клучните проекти кои Општина Аеродром ги реализираше изминатиот период.

Нови паркови, улици, спортски и детски игралишта, модерни училишта со современ образовен процес во секое населено место – ова е реалноста за Аеродром денес, општина каде преку континуираните инвестиции успеавме да го подобриме квалитетот на животот. Преку проектите во делот на животната средина, исчистивме неколку депонии, воведовме нов систем за одржување на хигиената и Аеродром е позелена и почиста општина.

Со изведбата на девет детски и единаесет спортски игралишта со вкупна вредност од 50 милиони денари, на дело ја покажуваме нашата поддршка за спортот и за младите, а преку реконструкцијата на училиштата во вредност околу 20 милиони денари, во отсуство на поддршка од централната власт, придонесовме за модернизација и осовременување на образовниот процес.

Граѓаните на Аеродром денес чекорат по нови улици и паркираат на нови паркинг места. Со 80 милиони денари ја подобривме сообраќајната инфраструктура, реконструиравме и саниравме улици низ целата општина, изградивме нови паркинг места и дополнителни 40 милиони денари инвестиравме во обнова и одржување на урбаната опрема.

Во следниот период привршува изведбата и реконструкцијата на спортскиот комплекс „Патрик“, до крајот на годината започнува реализацијата на проектот „Смарт Аеродром“ и веќе следната година ќе финишира изведбата на паркот „Радост“, три важни инвестиции и проекти чија цел е да го поттикнат маалскиот живот и да креираат нови содржини за граѓаните на повеќе локации во општината.

Би можело да ве интересира

Муцунски најавува изненадување во следните шест месеци во визната политика на САД кон земјава

Катерина Ѓуровски

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели Муцунски

Муцунски за инцидентот пред Бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Катерина Ѓуровски

Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио

Муцунски: Нашето место е во Брисел – билатералните блокади не смеат да ја кочат европската иднина

Средба Муцунски-Сијарто на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена