Му се распаѓаат салите, а директорот на Ургентен купува возило од 40 илјади евра

Од:

Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) ќе добие нов автомобил за потребите на директорот Илир Хасани.

Дали е ова штедењето кое го најаваше власта или пак продолжување на трошењето на народните пари за луксузот на сегашните функционери?

Во услови кога Хасани е директор на клиника каде што се оперира во распаднати сали кои се ризик за пациентите, се поставува прашањето каков приоритет е возилото од 40 илјади евра за да може да му биде удобно на директорот додека патува.

Нема информации дали има масажери или телевизори во возилото кое се набавува, но се уште се свежи критиките кои беа упатувани кон минатата власт за луксузирање и набавка на скапи возила.

Тогашната опозиција, а сегашна власт често во предизборитето правеше маркетиншки трикови со возење велосипед до работното место или пред митинг. Секако велосипедите ги заменија со автомобили. До следните избори.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува