МТСП појаснува: По еден родител на дете згрижено во градинка пред пандемијата и натаму е ослободен од работа

Од:

Министерството за труд и социјална политика до медиуите испрати појаснување околу владината мерка за ослободување на родители на малолетно дете до 10 години, кои се вработени лица во време на Ковид-19. Според МТСП, мерката престанала да важи за родителите на деца кои одат на училиште, затоа што завршила школската годин. Но, таа и натаму важи за родителите на деца кои пред почетокот на пандемијата биле згрижени во градинка.

„На почетокот на корона-кризата или поточно 10 март, Владата на предлог на Комисијата за заразни болести при МЗ  донесе заклучок со кој, вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение ,за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој ериод да биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство.

На 8.7.2020 на 74 седница Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерките за спречување на ширење на Ковид -19, односно родителите на деца до 10 години возраст, вклучени во воспитно образовниот процес,  кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места, со оглед  дека учебната година е веќе завршена.

Што значи дека мерката за ослободување на родители од работа се уште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка. Ова е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за
заразни болести при Министерството за здравство,“ се вели во појаснувањето од МТСП.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски