МТСП: Ниту се гради, ниту пак ќе се гради бегалски камп во Демир Капија

Од:

„Министерството за труд и социјална политика ги отфрла сите шпекулации кои внесоа одредена вознемиреност кај населението на територијата на општина Демир Капија како дезинформации бидејќи ниту се гради ниту пак ќе се гради бегалски камп или нешто слично во овој регион.

Министерството за труд и социјална политика најодговорно потврдува дека се врши реконструкција на „Специјалниот Завод- Демир Капија” која се однесува на депандансот кој се наоѓа во атарот на село Ергеле. За оваа активност финансиер е Меѓународната организација за миграции која единствено треба за потребите на Министерството за труд и социјална политика да изврши реконструкција на постојните објекти исто како што претходно за потребите на Министерството за здравство спроведе и реконструкција на болниците во Гевгелија и Куманово.

За да им ставиме крај на ваквите неодговорни шпекулации коишто најмногу кружат преку социјалните медиуми, сакаме да потврдиме дека „Специјалниот Завод- Демир Капија” е составен дел од мрежата на јавни установи чија што единствена намена е сместување и заштита на лица од ранливи категории. Ова значи дека истиот е невозможно да дава друг тип на услуги освен оние за кои согласно со Законот за социјална заштита е формиран и согласно тој Закон е прецизно наведено за кои лица е наменет.

Воедно уште еднаш би сакале да го потенцираме ставот на Република Македонија која се декларираше како транзитна земја за мигранти и согласно со таквата политика во моментот на територија на Република Македонија има вкупно 25 лица во двата прифатни транзитни центри во Гевгелија и Табановце и 11 лица баратели на азил сместени во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во с.Визбегово-Скопје“ се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Притворен маж од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он