Мртвата жена пронајдена во викенд-куќа во охридско имала повреди на главата

Од:

Жена е пронајдена мртва во викенд-куќа во Охрид. Нејзиното тело било пронајдено утрово, од маж со кој престојувале во куќата. Од првичните резултати од увидот, констатирано е дека жената имала повреди на главата.

“Во 08.20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М(35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција”, велат од МВР.

По извршениот увид од полицијата, ќе се проверува која е причината за смртта.

Инаку, претходно, безживотно тело беше пронајдено и во автомобил во близина на Горна Порта во Охрид. Стануваше збор за маж, кој починал во автомобил. Досега, нема информации за траги од насилство врз телото.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“