Мртов ли е Договорoт од Пржино?

Од:

Договорот од Пржино е пред дефинитивен колапс. Денешниот, последен рок, поставен од белгискиот посредник Питер Ванхауте, не се случи ништо, шансите за договор се минимални.

Од преговарачките тимови, за А1он велат дека нема најава и за состаноци на работните групи, но и дека Договорот од Пржино не е тоалетна хартија. Се ќе биде познато до вторник, кога Европската комисија треба да го затвори Извештајот за напредокот на Република Македонија.

Груевски на прославата на Денот на ВМРО-ДПМНЕ, побара седми позитивен извештај од Брисел  и седма препорака и датум за почеток на преговори.

За можното губење на препораката, поради политичката криза,  Груевски рече дека народот нема да го доживее трагично бидејќи таа би била бесмислена ако нема почеток на преговори.

Губењето на препораката ќе значи и стопирање на средствата од Европските фондови.

Додека Белоруското сценарио, како што најави Ванхауте, е многу извесно, шанси за итна лидерска средба и брзи договори нема, премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски замина за Обединетите Арапски Емирати.

Иако работата запна со неизборот на целиот тим на специјалната обвинителка Катица Јанева, сепак вистинскиот проблем е назначувањето на прв човек во Министерството за внатрешни работи од опозицијата, и барањето тој да има реални, а не ингеренции на хартија. На сите им е јасна значајната улога кој МВР ја има во изборниот процес.

Само неколку часа по неуспешната лидерска средба, вчера лидерот на опозицијата Зоран Заев пак,  преку својот ФБ профил , упати порака и до Груевски и до меѓународната заедница.

„Тик-так“, напиша Заев, индиректно укажувајќи дека  Договорот од Пржино тешко ќе се реализира, и затоа повторно ќе се започне со објавување на ,, бомбите“.

И ВМРО-ДПМНЕ најавуваат планови, но не откриваат какви.

Би можело да ве интересира

На СДСМ и ДУИ малку им е промената на Уставот, сега и преку Манифест ќе ги заштитуваат Бугарите

Орце Костов

Маричиќ: Бугарија нема да извади нови барања ако го промениме Уставот до ноември

Орце Костов

Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

Орце Костов

Русија: Во моментов нема основа за мировни преговори

А1он

(ВИДЕО) Пратеникот Биков од ГЕРБ: Во Македонија има криза на идентитетот кој е понов од бугарскиот

Орце Костов

Бугарски дипломати: „Тоа што ќе има ѕвездичка над македонскиот јазик е голем гаф на Генчовска

Орце Костов