МРТ одлучи Андреа да настапи, од следната година може да не учествуваме на Евровизија

Од:

Од Македонската Радио Телевизија информираат дека по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме, детално ги разгледале сите аспекти за евентуално повлекување на нашата претставничка од Евровизија.

„Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа“, се наведува во соопштението на МРТ.

Во него се додава дека јавниот сервис ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

„Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот ‘Евровизија’ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Манипулација на Евровизискиот натпревар? Европратеници бараат да се објават сите податоци од гласањето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Томи Кеш ја отпеа „Еспресо Макијато“ во Италија на улица

Предраг Петровиќ

Премиерот на Шпанија: Израел да не учествува на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Скандал на Евросонг: Обезбедувањето удира и влече демонстрант против Израел

ВИДЕО: Австрија победи на Евровизија

Исланд, Словенија и Шпанија бараат Изараел да не учествува на Евровизија: „Не можеме да мижиме пред хоророт во Газа“

Катерина Ѓуровски