Мрчела: Очекуваме Македонија да ги исполни препораките на ГРЕКО

Од:

Се надевам дека Македонија може да ги исполни препораките на ГРЕКО и ние тоа го очекуваме, изјави денеска претседателот на Групата држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) Марин Мрчела на тркалезната маса „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“, во организација на ОБСЕ и Академијата за судии и јавни обвинители.

– Се надевам дека сите политички фактори ќе бидат свесни за тоа дека препораките мора да бидат спроведени не поради ГРЕКО, туку поради македонските граѓани. Тоа значи дека тие препораки би требало да го подобрат системот и праксата во Македонија, а тоа на крајот значи подобар живот за граѓаните, изјави Мрчела.

Би можело да ве интересира

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

Орце Костов

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов