А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мрчела очекува Македонија предвреме да ги исполни препораките на ГРЕКО

by А1он06/07/2017 - 12:05192
Share0

Сигурен сум дека македонската власт ќе направи се што е во нејзина моќ да ги исполни препораките на Групата држави против корупција (ГРЕКО), и извештајот за напредокот и исполнувањето на овие препораки ќе ни го испратат порано од предвидениот рок – 31 јануари 2018 година.

Добивај вести на вибер

Ова го изјави судијата во Врховниот суд на Хрватска и претседател на ГРЕКО Марин Мрчела денеска на маргините на тркалезната маса за „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“ одговарајќи на новинарско прашање во врска со Акцискиот план 3-6-9 за сериозен пробив кон евроинтеграциите кој премиерот Зоран Заев го презентираше вчера.

– Очекуваме сега кога се создадени услови, односно кога политичката состојба во Македонија е таква и Собранието и Владата можат да продолжат да работат, дека исполнувањето на препораките може да биде и порано. Како што знаеме исполнувањето на препораките не се за тоа политичарите да бидат задоволни, туку се со цел да го подобрат животот на граѓаните, нагласи Мрчела.

Премиерот Заев вчера рече дека со усвојувањето на Акцискиот план 3-6-9 Владата прави чекор за сериозен пробив кон евроатлантските интеграции по долгогодишниот застој. Задачите кои Владата планира да ги реализира во рок од три, шест и девет месеци се составен дел на предлог Планот за реформи на Владата, кој опфаќа демократизација на Парламентот, реформи во судството, јавната администрација, во изборното законодавство, услови за фер и демократски избори, кохабитација со претседателот на државата и други мерки.

grekokorupcijamrcela

Би можело да ве интересира

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ04/07/2025 - 13:5004/07/2025 - 13:54

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Предраг Петровиќ17/06/2025 - 18:35

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 09:0907/06/2025 - 09:10

Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 10:23

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“

Катерина Ѓуровски15/04/2025 - 13:33

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите

Катерина Ѓуровски08/04/2025 - 14:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен