МПС бара усогласување на платите на вработените во Агенцијата за разузнавање

Од:

Македонскиот полициски синдикат бара во Буџетот за 2018 година да се обезбедат средства со кои платите на вработените во Агенцијата за разузнавање ќе се усогласат со платите во другите сродни субјекти на вработените во јавниот сектор.

– Македонскиот полициски синдикат, во името на своето членство и сите вработени во Агенцијата за разузнавање бара во Буџетот за 2018 година да се обезбедат средства за исплата на усогласувањето на платите на вработените во Агенцијата за разузнавање од 10 проценти и истото да се реализира и заокружи со исплатата на декемвриската плата во јануари 2018 година, се наведува во писмото испратено до претседателот на Владата, министерот за финансии и директорот на Агенцијата за разузнавање.

Од синдикатот бараат во најскоро време полициските службеници да добијат нова униформа и во буџетот за 2018 година да се обезбедат финансиски средства за санација на дел од објектите каде работат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

МСП донесе одлука за итни мерки против Израел

МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби

Ана Ололовска

Груби: Прераспределба на административците оди по планот, нема отпор за нивно примање

Жарко Настоски

Македонски полициски синдикат: Со едноминутно молчење да оддадеме почит на нашите загинати колеги

Ана Ололовска

Рамковните административци уште не тргнале на работа, 160 од нив воопшто не се појавиле или одбиле да потпишат решенија

Жарко Настоски

Делегација на Македонскиот полициски синдикат во работна посета на Агенцијата за разузнавање

Ана Ололовска