МПЦ-ОА во Битола го одбележува денешниот празник „Собор на сите македонски светители“

Од:

Македонската православна црква Охридска архиепископија-МПЦ ОА денеска ја одбележува неделата на православието и празникот „Собор на сите македонски светители“.

Утрово во соборниот храм „Св. Димитрија“ во Битола пристигнаа поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и членовите на светиот архиерејски Синод, кои пред бројните верници од градот и државата одржуваат света архиерејска литургија.

Празникот „Собор на сите македонски светители“ секоја година се одбележува во првата недела од месецот октомври, а годинашен домаќин на централната свеченост е Преспанско-пелагониската епархија.

– По завршувањето на светата архиерејска литургија со која ќе богослужи поглаварот г.г. Стефан, сите заедново Нова Битола ќе го посетиме Храмот „Собор на сите македонски светители“ кој е во изградба, најави митрополитот на преспанско-пелагониската епархија и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите