МПЦ-ОА побара милост за Јован Вранишковски заради повисоки цели

Од:

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска од властите побара, заради повисоки цели, милост за затворениот поранешен митрополит Јован Вранишковски. Во соопштението по вонредната седница на Светиот архиерејски синод (САС), се наведува дека МПЦ-ОА, ја прифатила иницијативата на Руската православна црква да даде придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква.

– САС на МПЦ-ОА служејќи Му на Бога, Кој преку светиот пророк Осија,, вели: Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, (Ос.6,6) и потсетувајќи се на зборовите на Спасителот „одете и научете се што значи: „Милост сакам, а не жртва“ (Матеј 9,13), раководен од духот на човекољубието, а заради повисоки цели, ги повикува надлежните власти на Република Македонија за милост во однос на затворениот поранешен митрополит Јован, кој и покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожикни денови, не треба да биде лишен од надежта за милосрдие, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан на седницата ги информирал архиереите за разговорите со претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија Митрополитот Волоколамски г. Иларион, одржана на 20 декември во архиепископската резиденција во Скопје.

– Македонските архиереи со благодарност ја прифатија иницијативата на Руската православна црква, која изрази подготвеност да даде свој придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква за решавање на отворените прашања кои постојат меѓу двете цркви, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

A1on

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

A1on