МПЦ-ОА ќе организира канонизација на игуменот свети Кипријан Слепченски

Од:

Првата свечена активност од програмата за одбележување на златниот јубилеј на Македонската православна црква-Охридска архиепископија – 50 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ-ОА ќе се одржи на 30 април кога во манастирот „свети Јован Претеча“ кај селото Слепче.

Со одлука на Светиот архиерејски синод, на 30 април во манастирот во Слепче ќе се одржи канонизација на игуменот свети Кипријан Слепченски, а во организацискиот дел вклучена е и општина Демир Хисар чиј градоначалник Љупчо Блажевски, денес во демирхисарското село Слепче, одржа средба со митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско новозеландски г. Петар на која беа утврдени подготвителните активности во пресрет на големиот црковен настан.

– Во општината секојдневно сме посветени на претстојниот настан со кој ќе почне одбележувањето на големиот јубилеј на МПЦ-ОА. Денеска заедно со митрополитот г. Петар одржавме работна средба во манастирот свети Јован Претеча, ги разгледавме условите за пречек на гости, инфраструктурно уредување на просторот, пристапниот пат и други потреби кои може да ги организира и одржува локалната самоуправа. Неодамна одржавме состанок и со познатиот византолог од Центарот за истражување на културното наследство во МАНУ, професорот Сашо Цветковски, се договоривме како и на кој начин општината ќе помогне и ќе биде вклучена во големиот народен и црковен настан бидејќи се очекува голема посетеност, истакна градоначалникот Блажевски.

Канонизацијата на игуменот Кипријан Слепченски е закажана за 30 април затоа што на тој ден во 1780 година се упокоил монахот Кипријан Слепченски.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите