А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Можност за безготовинско плаќање на царинските давачки

by А1он29/01/2015 - 12:30221
Share0

Граѓаните и економските оператори на сите гранични премини во земјава ќе можат царинските давачки да ги платат безготовински – со електронска картичка. Инсталирани се вкупно 24 пост-терминали на Царинарницата Скопје, Битола, Куманово и Штип.

Добивај вести на вибер

– Со оваа можност граѓаните и економските оператори веќе нема да имаат потреба да патуваат до најблискиот град или до најблиската филијала на пошта и комерцијалните банки, ниту да чекаат на ред пред нивните шалтери за да ги уплатат давачките поврзани со царинското работење, туку ќе ги добиваат на едно место во царинските испостави каде се спроведуваат царинските формалности, изјави директорката на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска денеска на промоцијата на воведувањето на можноста за безготовинското плаќање.

Таа додаде дека ова се воведува со цел да се обезбеди квалитетна и брза услуга за граѓаните следејќи ги најмодерните трендови за безготовинско плаќање.

Според Радеска-Крстевска, ова е уште една реформа што Царинската управа ја воведува со цел гаѓаните и економските оператори полесно и побрзо да ги извршуваат плаќањата независно од висината на износот што е поголема поволност во однос на веќе воведената можност за плаќање на административните такси во износ до 250 денари преку СМС-порака.

Царинските давачки граѓаните и економските оператори може да ги плаќаат со картичките на „маестро“, „мастеркард“, „виза електрон“, „виза“, како и картичките за домашна употреба што се издаваат од сите домашни и странски банки.

Царината проектот го започна во октомври минатата година кога беше распишан јавен повик за избор на најповолен понудувач за воведување безготовинско плаќање преку пост-терминал.

carina

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Катерина Ѓуровски13/01/2026 - 11:25

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ31/12/2025 - 22:5031/12/2025 - 22:53

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Горан Наумовски31/12/2025 - 12:16

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он14/07/2025 - 15:41

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Горан Наумовски14/07/2025 - 11:54

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

Горан Наумовски20/05/2025 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен