Можни прекини во интернет и ИПТВ врски на Телеком во Охридско

Од:

Македонски Телеком АД Скопје ги известува своите корисници дека поради планираното исклучување на електрична енергија од страна на ЕВН и Мепсо на подрачјето на Охрид, за време на викендот можно е да се јават одредени прекини во користењето на интернет и ИПТВ сервисите.

Македонски Телеком апелира корисниците во Охрид да ја исклучат опремата во своите домови (рутер, модем, телевизиски апарат, компјутер) пред да почне интервенцијата на преносната електрична мрежа.

Интервенцијата во електричната мрежа ќе се изведува во сабота од 08 до 16 часот и во недела од 08 до 18 часот.

По завршувањето на интервенцијата од страна на ЕВН и Мепсо, корисниците на Македонски Телеком ќе можат да ја вклучат опремата и непречено да ги користат интернет и ИПТВ сервисите.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски