Министерството за здравство информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите.
-На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден, велат од МЗ.
Од Министерството за здравство информираат и дека се размислува за воведување дополнителни рестриктивни локално мерки за Тетово. Оваа опција ќе биде разгледана утре.