Можен бугарски воз во Богородица, купување гласови во Гевгелија

Од:

На гласачко место во Богородица Гевгелиско најдени се зад параванот за гласање две непополнети гласачки ливчиња, што укажува на можноста од употреба на т.н бугарски воз при процесот на гласање.

Неговата конкретна употреба е купување на гласовите на граѓаните, а функционира на тој начин што лицето што ја прифатило ваквата соработка добива пополнето гласачко ливче, кое го става во гласачката кутија, а назад во штабот го враќа добиеното празно гласачко ливче од своето изборно место. За соработката добива одредена сума пари од 3.000 до 4.000 денари. Со доставеното празното ливче, кое се пополнува со кандидатот на организаторите на изборната кампања, односно партискиот кандидат, бугарскиот воз продолжува со следното лице што ќе ја прифати понудата за вакво купување на нивниот глас.

За ваквите аномалии на гласачкиот ден веќе реагираа од опозициските штабови, кои констатираа дека навидум мирниот изборен ден на гласачките места беше нарушен со поткуп од страна на кандидат за член на Советот од листата на коалицијата „За подобра Македонија“, кој нудел пари во вредност од 3-4.000 денари доколку го дадат гласот за неговата листа и за кандидатот за градоначалник од неговата коалиција. Доколку граѓаните ја одбиеле неговата понуда, служејќи се со лаги дека мора да ги провери нивните лични документи, заминувал од домовите на семејствата со документите со цел да го спречи нивното гласање за другите кандидати.

Освен прекршувања на изборниот процес на денот на гласањето, неправилности во водењето на изборната кампања се констатирани и во петокот, ден пред изборниот молк, со присуство на министерката Елизабета Канческа-Милеска во Гевгелија, која по системот „од врата на врата“ вршела агитација за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и за советничката листа на коалицијата „За подобра Македонија“ за општина Гевгелија, придружувана од кандидатот Франгов и носителот на листата Ќичуков. Во истиот ден во ромското мало во Гевгелија агитација за истите кандидати вршела и Есма Реџепова, преку делење подароци и рекламен материјал на граѓаните од оваа етничка заедница.
Дел од граѓаните на Гевгелија се побуниле во партиските штабови дека ги нема во избирачкиот список, некои дека се преместени со местото на гласање во друго избирачко место без да бидат информирани во кое.

Навидум мирниот изборен ден на гласачките места, беше грубо кршен со низа случаи на агитирање, заплашувања, уцени за гласање, поткуп на гласачи со продукти и парични износи, како и остварување на лични желби: кој немал душек и перница тоа и добил од партиските намесници, некој барал патики Адидас – тоа и добил, и други лични желби, остварени еднократно за еден глас повеќе на контото на својата партија и партиските кандидати.

Рокот за поднесување приговори за текот на изборниот процес сè уште тече, заклучно до утре, среда, до 24 часот. Од Општинската изборна комисија известуваат дека досега нема доставено официјални приговори од ниту еден од организаторите на изборната кампања и учесниците во изборниот процес за општина Гевгелија: двете коалиции, две политички партии и една независната граѓанска коалиција.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори