Мотоциклист загинал во сообраќајка на патот Кичево-Осломеј

Од:

Деветнаесет годишниот Љуан Т. од кичевското село Мамудовци го загубил животот откако удрил во патничко возило на патот Кичево-Осломеј, информираат од СВР Охрид.

Несреќата се случила околу 13 часот, кога момчето кое управувало со мотоцикл „јамаха” удрило директно во задниот дел на „фијат добло” со кичевски таблички.

– Починатиот, моторциклот го управувал без заштитна кацига во правец од Осломеј кон Кичево и од засега неутврдени причини изгубил контрола по што удрил во задниот десен дел од возилото кое се движело од Кичево кон Осломеј, стои во соопштението на СВР Охрид.

На местото на тешката сообраќајна незгода во тек е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. Заради тоа, сообраќајот на оваа делница е во застој.

Полициската станица од Кичево презема дополнителни неопходни мерки за утврдување на причините за тешката сообраќајна незгода.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип