Мотоциклист загина на патот Гостивар – Кичево

Од:

Х.А. (25) од гостиварското село Здуње го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во близина на Гостивар.

Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила на магистралниот патен правец Гостивар – Кичево околу 14:30 часот, на излезот од градот.

Додека возел мотоцикл „јамаха“ без регистерски ознаки, Х.А. удрил во трактор со приколка што го управувал Ш.А. (26). Набрзо по несреќата, екипа на Брза помош дошла на местото, но дежурниот лекар констатирал смрт која настанала како последица од повредите што ги задобил при ударот.

Во тек е увид. Сообраќајот на овој дел од магистралата се одвива нормално.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип