Мотоциклист се бори за живот откако удрил во дрво во Гостивар

Од:

Во сообраќајна несреќа која утрово се случила на улицата „Балиндолска“ во Гостивар, утрово тешко е повреден мотоциклист. По несреќата тој е пренесен на скопските клиники со сериозни повреди и во неконтактибилна состојба.

Според информации од СВР Тетово, околу 8 часот, Е.О. (37) од гостиварското село Дуф, додека управувал мотоцикл „сузуки“ во близина на железничкиот мост, од се уште неутврдени причини изгубил контрола и удрил во дрво покрај коловозот. Од ударот се задобил со повреди по главата и телото и во бесвесна состојба е пренесен во гостиварската болница, од каде како итен случај е испратен на скопски клиники.

По извршениот увид, со овластување на јавен обвинител, утврдено е дека мотоциклистот немал возачка дозвола, а мотоциклот не бил регистриран. Која била причината и поединостите кои довеле до, допрва ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип