Мотоциклист од Гостивар загина во сообраќајка во Албанија

Од:

Шеесетгодишен мотоциклист од Гостивар го загуби животот во соообраќајна несреќа во Албанија.

Несреќата се случила на патниот правец Прењас – Либражд кај местото викано Мостот на Буштрица, во близина на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница.

– Македонскиот државјанин Зирди Хасани (60) од Гостивар кој патувал со мотоцикл излетал од патот, при што се здобил со тешки повреди. Случајни минувачи веднаш го транспортирале до болницата во Либражд но, за жал, лекарите само контатирале смрт. Истрагата треба да ги потврди причините за несреќата, се наведува во соопштението на полицијата.

Според првичните сознанија, сега починатиот Хасани возел со голема брзина, а поради влажниот коловоз од обилните дождови, тој се зализгал и удрил во заштитните браници на патот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он