Мотоциклист од битолско загина во сообраќајка на патот Охрид – Ресен

Од:

Мотоциклист смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица.

Според полициското соопштение, незгодата се случила вечерта во 19.40, при што дошло до судар на автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари.

Притоа од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.

На лице место извршен е увид од страна на јавен обвинител и полициски екипи, што ќе треба да ги утврдат околностите поради кои дошло до незгодата.

Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски