Мотоциклист од Битола загина во сообраќајна несреќа

Од:

Четириесетгодишен мотоциклист Г.И. од Битола го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во месноста „Стрелиште“ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Арон Ароести“ во Битола.

Како што соопшти СВР Битола, несреќата се случила кога директно се судриле патничко моторно возило „фолксваген-голф“ и мотоцикл „хонда“.

– Во директниот судир на местото на настанот животот го загубил мотоциклистот Г.И. од Битола, а смртта ја констатира увидна екипа на Итната медицинска помош. Сообраќајната несреќа е регистрирана од СВР-Битола и јавен обвинител кој поведе истрага, изјави за МИА Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата